Навивач на хокеарскиот тим Монтреал канадиенс по мечот со Детроит ред вингс, си замина дома побогат за 50.000 долари, и тоа сумата си ја заслужи целосно, со погоден шут од неверојатно тешка позиција.
Патрик Прото, кој е тотален аматер, првпат фатил хокеарски стап во рака, не знаеше со која рака да ја постави пониско и од повеќе од половина терен пакот го испрати во мала дупка во средината на голот кој беше на другата половина. Никому не му се веруваше дека успеа да погоди во малата дупка.
Секако, среќата на Патрик беше пресудна, но човекот покажа завидна прецизност. Погледнете го неверојатниот погодок вреден 50 илјади долари: