Холандија даде гол, кој беше поништен поради тоа што еден играч на Лалињата му попречи на голманот на Франција (Видео)

Холандија и Франција го одиграа првиот меч без погодоци на ова ЕП, а резултатот им одговараше на двете селекции. И Холандија и Франција сега имаат по четири бодови и само теоретски останува да го обезбедат местото во нокаутфазата на континенталниот собир.

Лалињата беа на чекор од победа, дури постигнаа и гол, но подоцна беше поништен. Се играше 69 минута кога Чави Симонс шутираше од околу 15 метри и покрај мешаницата во шеснаесетникот, топката влезе во голот.

https://twitter.com/i/status/1804264371549540587

Сепак, по кратка консултација на главниот и помошникот судија, беше досуден офсајд. Во недозволена ситуација се најде Дамфрис кој беше во близина на голманот на Франција, а арбитрите проценија дека тој попречил на голманот Мињон да го одбрани шутот, кој реално беше многу тежок за бранење.

И покрај тоа што Мињон најверојатно ќе беше матиран и дури Дамфрис да не стоеше во негова близина, сепак правилата велат дека тоа е офсајд позиција и погодокот на Симонс беше поништен.

- Оглас -

Најнови вести