16.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Холандија до крајот на ЕП остана без еден напаѓач

За холандскиот напаѓач Лук де Јонг заврши Европското првенство. Голгетерот на Севилја го повреди коленото на еден од последните тренинзи и нема да му биде на располагање на селекторот Де Бур за мечевите од нокаут-фазата.

Де Јонг одигра два меча на ЕП и на двата влезе како резерва, а се повреди по еден дуел со Коуди Гакпо.

„Напаѓачот на Севилја, кој има 38 меча за репрезентацијата на Холандија, заработи повреда на коленото и нема да може да го продолжи настапот на Европското првенство“, стои во соопштението од Федерацијата на Холандија. Најавено е дека нема да биде повикан нов фудбалер на местото на повредениот Де Јонг.

- Оглас -

Најнови вести