21.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Холандија го слави Мемфис Депај

Фудбалската репрезентација на Холандија забележа важна победа (2-3) против Литванија на гости во квалификациите за СП 2026, а денешниот натпревар беше историски за Мемфис Депај. Напаѓачот постигна два гола и стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

Депај со ова стигна до 52 гола за Холандија, надминувајќи го Робин ван Перси (50), додека третиот на листата е Клас-Јан Хунтелар (42), а Патрик Клајверт има 40.

Холанѓаните поведоа веќе во 11-тата минута со голот на Депај, асистенција на Коди Гакпо, а во 33-тата минута Тимбер зголеми на 0-2 со убав удар од пет метри. Сепак, Литванците се вратија со головите на Гинејтис и Гирдваинис за 2-2.

Во второто полувреме Холандија реши сѐ со погодокот на Депај во 64-та минута по центаршутот на Дамфрис за конечни 2-3.

Со ова, Холандија останува лидер на табелата со 10 освоени бода, додека Литванија е на четвртата позиција со четири бода.

- Оглас -

Најнови вести