6776 Црна Гора – Хрватска (20:45 ч.)
Хрватска го визира местото на СП 2026, па ова гостување во Подгорица ѝ е само формалност. И Црногорците не може да мрднат од четвртото место во групата, па ќе биде пресметка без притисок и затоа може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)
6777 Малта – Полска (20:45 ч.)
Малта пред три дена направи изненадување откако ја победи Финска на гости со 1:0 и покажа дека има квалитет. Сепак, Полска е селекција која е многу посилна и реално гостите без многу мака треба да стигнат до победа.
Полска сигурно ќе игра бараж за СП, но за зголемување на самодовербата, тимот предводен од Роберт Левандовски ќе слави кај островската земја.
Предлог тип: 2&2-4 (1.97)
6051 Холандија – Литванија (20:45 ч.)
Холандија на овој меч ќе го слави пласманот на Светско првенство, а за противник ја има најслабата селекција во групата. Лалињата во просек постигнуваат повеќе од три гола на меч во овие квалификации и јасно е дека домашните навивачи на Арената „Јохан Кројф“ во Амстердам ќе гледаат гол-шоу.
Предлог тип: 5+ (2.25)
6778 Германија – Словачка (20:45 ч.)
Дуел на две селекции кои имаат по 12 бода и во директна пресметка ќе решат кој ќе оди на Мундијалот како првопласиран, а кој ќе продолжи во баражот. Германија загуби со 2:0 во Словачка, но сепак е во пол-позиција за првото место затоа што има подобра гол-разлика, па доволно е да одигра реми за да оди директно на СП.
Интересно е дека во досегашните шест меѓусебни дуели, двата тима имаат по три победи и секогаш има два или повеќе погодоци.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.26)
6775 Северна Ирска – Луксембург (20:45 ч.)
Меч кој не решава ништо затоа што Северна Ирска е трета, а Луксембург е последен. Токму затоа може да се очекува интересен дуел со погодоци како што беше на нивната прва пресметка, кога Северна Ирска славеше со 3:1.
Предлог тип: ГГ3+ (2.75)

