Холандија и Хрватска ќе се реваншираат за поразите во првото коло

6984 Австрија – Шкотска (20.45 часот)

Ова е дуел на две селекции кои играа на ЕВРО 2020, но изгледа ќе го пропуштат Мундијалот во 2022 година. Австријците пред три дена примија пет гола од Израел, а Шкотите едвај победија со 1-0 против слабата Молдавија. Разликата е што мечевите на Шкотска се многу понеефикасни од тие на Австрија. Шкотите во пет кола примија пет гола, а Австријците дури 12 пати ја вадеа топката од мрежата. Во март, во Шкотска беше 2-2 и сите погодоци паднаа во второто полувреме.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.91)

 

6985 Хрватска – Словенија (20.45 часот)

Некомплетните Хрвати сакаат да им се реваншираат на Словенците за поразот во првото коло во март, кога беше 1-0. Хрватска се бори со Русија за првото место во групата, но ако Словенија триумфира, и тие ќе се вмешаат во трката за место на СП. Веројатно вечерва во Сплит нема да има многу голови, а интересно е дека Словенците останаа непоразени на последните три гостувања кај нивниот сосед. Сепак, типуваме дека ќе ѝ дојде крајот на таа нивна добра серија.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.25)

 

6986 Република Ирска – Србија (20.45 часот)

Ирците се едно од најголемите разочарувања во квалификациите, од четири меча имаат освоено само еден бод. Србите се на делба на врвот со Португалија и не смеат да си дозволат пораз или реми ако сакаат директно да се пласираат на СП. Србија има дадено 11 гола на четири меча, но гостувањата на островот никогаш не се лесни. Ирците две години не победиле на официјален меч во Даблин, а Србија победи со 1-0 на последното гостување таму, во квалификациите за претходниот Мундијал.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

6993 Франција – Финска (20.45 часот)

По низата од пет нерешени игри по ред, редно е Франција да победи и да потсети дека е светски првак. И Финска не знае за пораз во овој циклус, има две ремија и една победа во три настапи. Оваа средба се игра во Лион, а Финска има низа од седум мечеви по ред со 0-2 гола. Минатата година, Финска во пријателски меч славеше на гости против Франција со 2-0, но на сите официјални гостувања претрпувале порази и примале барем два гола. Овојпат типуваме дека Финска нема да даде гол и ќе загуби.

Предлог тип: 1 сигурна (1.60)

 

6994 Холандија – Турција (20.45 часот)

Холандија ги намести нишанските справи против Црна Гора и со многу оптимизам влегува во дерби со Турција, која како да има пад во формата. Кај Лалињата ќе го нема разиграниот Гакпо, но Мемфис Депај и другарите се доволно опасни за да им направат проблеми на Турците. Турција не знае за пораз по пет кола, но има само еден бод повеќе од Холандија и Норвешка. Турција никогаш не победила и никогаш не дала повеќе од еден гол на гостување во Холандија.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.91)

- Оглас -

Најнови вести