25.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Холандија и Италија ќе дадат по еден гол

Холандија – Италија (20:45ч)

Смената на генерации нема да влијае врз традицијата која ја негуваат Холандија и Италија, а тоа се тврди натпревари без многу погодоци. Ретко кога дуелите на овие две селекции завршуваат со повеќе од три погодоци, а четири од последните пет меѓусебни средби завршувале со два или помалку голови, иако биле само пријателски средби.

Во претходното коло на Италија ѝ заврши победничката низа од 11 меча, ремизираше со БиХ, додека Холандија уште е без пораз по загубеното финале од Португалија во минатото издание во ЛН. Се чини дека во оваа средба пријателски ќе се поделат бодовите.

Предлог тип: 0-2 (1.80)

 

Босна и Херцеговина – Полска (20:45ч)

Полска не е толку опасна кога во составот го нема најдобриот стрелец Роберт Левандовски, а неговото отсуство е шанса за Босанците да ја остварат првата победа во ЛН за оваа сезона. Змејовите покажаа цврста игра против Италија и останаа непоразени, но и тие се хендикепирани со отсуството на Миралем Пјаниќ.

БиХ во три средби нема остварено победа против Полска, но за првпат е во позиција да игра на домашен терен против селекцијата од која загуби двапати и еднаш ремизираше во пријателските дуели  од 2007 до 2011 година.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.30)

 

Австрија – Романија (20:45ч)

Австрија ќе додаде сол на раната и ќе ја продолжи безуспешната низа на Романците на пет меча без триумф. Иако изминаа повеќе од 10 години од единствениот триумф на Австријците во меѓусебните пресметки против Романија, вечерва домаќините  без проблем ќе ја оправдаат фаворитската улога.

Австрија е во серија од четири победи на домашен терен и нема намера да ја прекине таа низа, а евентуален позитивен резултат ќе значи и максимални освоени бодови во септемврискиот циклус во Лигата на нациите.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.22)

 

Израел  – Словачка (20:45ч)

Израел не знае за победа против Словачка, а во вкупно четири дуели само еднаш успеа да избегне пораз. И двете репрезентации со непосакувни резултати тргнаа во Лигата на нациите, а посебно разочара Словачка, која загуби дома од Чешка со 1-3, додека Израелците ремизираа кај Шкотска.

Доколку Словаците и вечерва загубат, со два порази ќе се доближат до испаѓање во Сегментот Ц од Лигата на нациите. Сепак, надеж им дава фактот што Израел лесно прима голови на домашен терен, па некако да се дојде до посакуван резултат.

Предлог тип: ГГ3+ (2.55)

 

Северна Ирска – Норвешка (20:45ч)

Норвешка вечерва мора да ја добие пресметката против Северна Ирска за да ги одржи надежите во групната фаза. Фантастичниот Ерлинг Халанд пред неколку дена го реализира деби-погодокот во сениорскиот репрезентативен дрес, а денес може да биде и поефикасен и сам да ги освои бодовите за неговата селекција.

Северна Ирска памети само две победи во седум меѓусебни пресметки против Норвешка, но нема посебно шанси за вечерва да изненади, додека нема да има дефицит на погодоци и на двете страни.

Предлог тип: 1+I & 2+ (1.91)

 

- Оглас -

Најнови вести