Мемфис Депај и Дензел Думфрис дадоа по еден гол за победа на Холандија над Австрија од 2-0, а овој резултат значи дека македонската репрезентација која нема бодови по два одиграни меча, веќе нема ни теоретски шанси за пласман во осминафиналето.
Македонија во последното коло, в понеделник гостува кај Лалињата во Амстердам, и тоа ќе биде меч само за престиж, бидејќи Холандија е сигурно прва во групата, а нашата селекција ќе биде последна.
Депај докажа дека е лидер на нападот на Холандија, а голот го даде од пенал, а има голема заслуга и за погодокот на Думфрис. Думфрис се изедначи со легендата Руд Ван Нистелрој, како единствени Холанѓани кои дале гол на првите два меча во кариерата на ЕП. Холанѓаните имаат седум победи по ред во дуелите со Австрија.