31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Холандија – Мексико е поим за ГГ3+, ќе има ново шоу меѓу Шпанија и Португалија

6712 Швајцарија – Хрватска (20:45 ч.)

Репрезентативните дуели ќе бидат во центарот на вниманието, а за денеска се закажани повеќе пријателски средби. Швајцарија без Шаќири игра против Хрватска, која е во лоша низа.

Коцкестите во првите два меча од Лигата на нациите примија по четири гола (Португалија 4:1 и Франција 4:2), покажувајќи дека им е разнишана одбраната. Само еднаш во последните седум дуели Хрватска успеала да ја сочува својата мрежа. Швајцарија игра офанзивен фудбал и сигурно ќе нападнат.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

6711 Португалија – Шпанија (20:45 ч.)

Ова е дербито на денот. Соседите одлично се познаваат и се во Топ 10 селекции во светот во моментов. Португалија во поседните 18 меча има 12 победи, пет нерешени и само еден пораз. И Шпанија е во одлична низа и нема ниту еден пораз во последните 13 дуели.

Последен пат меѓу себе одиграа на Светското првенство во Русија и тоа беше шоу кое заврши 3:3 во кое Кристијано Роналдо постигна хет-трик. И сега сигурно ќе има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

6709 Холандија – Мексико (20:45 ч.)

Овие два меча во последниве 20-тина години имаат одиграно шест меча и на сите имало погодоци, односно биле ГГ3+. Последен пат играле во 2014 година на пријателски меч, кога Мексико победи со 3:2. Интересно е што претходните три средби на овие селекции завршувале со победа од 2:1 на Лалињата, а еднаш имаат одиграно и 2:2.

Мексико е во одлична серија и има 17 победи во последните 18 одиграни дуели. Единствено има пораз од Аргентина со убедливи 4:0, а на останатите средби одиграни во изминативе речиси две години, Мексико се радуваше.

Предлог тип: ГГ3+ (2.22)

 

6707 Германија – Турција (20:45 ч.)

Германија е во мини серија од две нерешени и сигурно Панцерите ќе сакаат да се вратат во победнички ритам. Против Турција немаат играно точно девет години. На 7 октомври 2011 година, Германија победи со 3:1 во меч од квалификациите за ЕП 2012.

Турција игра затворено, примарна цел ѝ е да не прими гол, па во последните шест меча секогаш игра со 0-2 гола.

Предлог тип: 1&0-3 (2.12)

 

6706 Австрија – Грција (20:30 ч.)

Иако вечерва е фаворит, Австрија никогаш ја нема победено Грција. Во досегашните пет меча, Грција има четири победи и едно реми. Австријците веруваат дека конечно е дојдено време да се радуваат против Грција. Реално, квалитетот на фудбалерите е на страната на Австрија и вреди да се одигра „кец“.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести