Холандија славеше со 37:32 над Македонија, но Лалињата по мечот не останаа на теренот за да го дочекаат официјалното доделување на наградата најдобар играч на мечот. Ракометарите и стручниот штаб на Холандија избега од кон соблекувалната поради тоа што беа уплашени да не бидат погодени од некој предмет кои беше фрлен од трибините.
Холанѓаните најавија дека ќе се жалат во Светската ракометна федерација (ИХФ) за овој инцидент.
„Тоа што се случи на крајот беше страшно. Среќа што никој не е повреден. Сигурно нема да оставиме ова вака да помине. Подготвуваме официјален извештај за тоа што се случи“, изјави помошникот селектор на Холандија, Ваи Вонг.
На теренот беа фрлени неколку предмети, потег кој сите и од македонската страна го осудија, но факт е дека револтот кај навивачите се создаде поради катастрофалното и тенденциозно судење на данските арбитри. Во корист на Холандија беа досудени дури 12 пенали, а двајца македонски ракометари добија црвен картон.
Сепак, тоа не им пречеше на Холанѓаните, си имаат тие своја мака.
„Како одминуваше времето, работите стануваа се полоши. На крајот моравме да избегаме за да се засолниме. Некои навивачи се обидуваа дури и да ја прескокнат оградата и да втрчаат на терен. Прв пат гледам вакво нешто“, револтирано изјави Стеинс, кој беше најдобар играч во таборот на Холандија.