20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Холандија прва, Македонија втора, коефициентот за вакво сценарио на ЕП е одличен!

На точно 20 дена до стартот на Европското фудбалско првенство кое за Македонија ќе биде историско, ви нудиме дел од специјалната понуда која ја има во Sport Life, а на која ќе имаме посебен мотив да се обложуваме. Македонија е во група со Холандија, Австрија и Украина, а секако по победата над Германија во квалификациите за СП 2022 година, нашите репрезентативци докажаа дека ништо не е невозможно.

Според квотите, Македонија сепак е меѓу најголемите аутсајдери на континенталниот собир, па тоа е шанса за одлични коефициенти кога се работи за успех на нашата репрезентација. Една од омилените игри е да се погоди распоредот на тоа како ќе изгледаат групите по одигрување на трите кола, односно кои две селекции ќе одат во нокаут фазата.

Дури 72 комбинации има да одиграте за тоа која селекција ќе биде прва, а која ќе заврши како втора во групата. Кога се работи за групата Ц каде што е и Македонија, желба на сите наши навивачи, Македонија е да биде прва или втора, а ако се знае дека тука е големиот фаворит Холандија, комбинација за Лалињата да се први, а Македонија да заврши како втора носи одличен коефициент 7! Може да комбинирате и Македонија да е прва во групата, или да заврши втора зад Австрија или Украина.

Истите комбинации во понуда ги имате и за сите останати групи, а комплетната понуда може да ја најдете на Sport Life кај SPECIJAL игрите.  

Може да одиграте и за тоа дали Македонија ќе успее да заврши прва во групата, а тоа вреди дури 25 коефициент. Ако се пласира во четвртфиналето, квотата е 15. За да игра Македонија во полуфиналето, коефициент е 75, а да биде во финалето коефициентот е 150! Македонија да стане европски првак се вреднува со коефициент 500!

На 20 дена има повеќе од 250 различни игри во Специјалот на Sport Life, проверете ги и очекувајте уште во понудата за Европското првенство кое е историско за Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести