6713 Холандија – Исланд (20.45)
Исланд ја изненади Англија на претходниот тест, меѓутоа тешко дека ќе успее уште еднаш да повтори таков резултат. За Холандија ова е последниот меч пред заминување на Европското првенство и сигурно дека избраниците на Роналд Куман ќе сакаат да остварат сигурен триумф.
Исланд игра отворен фудбал, па тоа е шанса и за Холанѓаните полесно да пронајдат простор пред противничкиот гол. Последните два меча датираат од речиси пред една деценија и интересно е дека ги доби Исланд, но сега ова е сосема поинаков распоред на силите.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.83)
6720 Чешка – Македoнија (18.00)
Чешка најверојатно ќе го испроба својот најдобар состав затоа што ова е последниот нивен тест пред Европското првенство, но и Македонија треба да одигра многу подобро отколку на последниот меч со Хрватска. Нема сомнение дека Чесите се фаворити, но вербата е дека и двете селекции можат да постигнат најмалку по еден гол на овој пријателски натпревар.
Последните два натпревари датираат од речиси пред една деценија и ги доби Чешка со 6-1 на домашен терен и со 0-2 на гости во Скопје.
Предлог тип: ГГ (1.93)
6714 Полска – Турција (20.45)
Двете селекции ќе играат на Европското првенство и нема да сакаат да загубат на вечерашниот пријателски натпревар во Варшава. Турците на претходниот тест одиграа 0-0 против Италија на гости, па нема да изненади доколку и на овој меч има мал број голови.
Полска остана без еден од главните напаѓачи Аркадјуш Милик, кој се повреди на претходниот меч, а Левандовски можеби и ќе се чува за почетокот на ЕВРО 2024.
Предлог тип: 1х & 0-2 (2.45)
8895 Панатинаикос – Олимпијакос (20.15)
Олимпијакос има водство од 2-0 во победи и ПАО и нема друг избор освен да тргне на сѐ или ништо. Ова треба да донесе многу поени, како и на претходните два натпревари, а очекувањата се дека сепак избраниците на Ергин Атаман ќе потсетат дека само пред неколку дена ја освоија титулата во Евролигата. Квалитетот сигурно не им недостасува, можеби малку свежина…
Предлог тип: 1 & >156.5 (2.65)
8141 Реал Мадрид – Мурсија (20.30)
Реал Мадрид е доминантен во оваа финална серија од АЦБ-лигата, победи на гости во првиот дуел, а сега се очекува да стигне до нов триумф и пред своите гледачи. Кралевите секогаш играат на кош повеќе од противникот, со брза транзиција и со многу шутеви за три поени и ако имаат свој ден, тогаш лесно може да се случи да слават убедливо, а натпреварот со голем број поени.
Предлог тип: 1 & >167.5 (2.17)