Холандија се задоволи со бод, Еквадор ги освои срцата на неутралните

Холандија и Еквадор одиграа нерешено 1-1, резултат кој им одговара на двата тима, нешто повеќе на Лалињата кои имаат полесен противник во третото коло.

Холанѓаните водеа по првото полувреме со 1-0, и ја продолжија традицијата да не губи на СП кога има предност по првите 45 минути. Голот го даде Коди Гакпо, кој погоди и во првото коло.

Еквадорската легенда Енер Валенсија стана четврти фудбалер во историјата кој дал шест гола по ред за својот тим на Мундијалите. Еквадорците се трудеа да дадат и втор гол, но не успеаја, па ќе треба да го победат Сенегал или да одиграат нерешено со Африканците за пласман во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести