Холандска компанија ја тужи УЕФА, а тоа може да има негативни последици на ЕП 2024

Холандската компанија Балино ја тужи европската фудбалска федерација (УЕФА) и технолошниот произведувач Кинекс поради недозволено користење на офсајд технологијата која ја користи ВАР. Единствениот суд за патентирани изуми в понеделник ќе го разгледа овој случај.

Балино се обиде да го оспори користењето на офсајд технологијата и на Светското првенство во Катар 2022 година, но не им успеа. двете страни не успеаа да се договорат за престојното Европско првенство во Германија, па поради тоа холандската компанија ја тужи УЕФА.

Доколку Балино го добие спорот, технологијата за полуавтоматски офсајд нема да смее да се користи на комтиненталниот собир во Германија. Споменатиот систем со сензор во фудбалската топка е измислен од Питер Борст кој е сопственик на Балино и токму затоа е потребно дозвола од оваа компанија за користење на тој систем.

„Веднаш ги контактиравме Кинекс, технолошкиот производител кој работи за УЕФА и во повеќе ситуации се обидовме да го решиме проблемот на пријателски начин, но тие не сакаа да соработуваат. Можеби мислеа дека сме премали да се осудиме да ја тужиме УЕФА, но ние сме горди на нашиот изум и затоа никој нема да смее да го користи без наше одобрение. Судските спорови се единствена опција за заштита на нашиот изум од неовластена употреба“, вели сопственикот на компанијата Балино, Борст.

- Оглас -

Најнови вести