Холандската Ередивизие не го дочека крајот по нормален пат, на фудбалските терени, туку сезоната се откажа поради што немаше услови да се игра во време на пандемијата со корона-вирусот. Ајакс и АЗ Алкмар не ја довршија шампионската трка, односно оваа година нема земјата не дочека фудбласки шампион, а фактот што првенството паузираше одреден период поради корона-вирусот, голем дел од клубовите западнаа во финансиски проблеми.
Затоа, големата „четворка“ донираше за спас на холандскиот фудбал. Ајакс даде три милиони евра како најбогат клуб во моментов, ПСВ, Феенорд и АЗ Алкмар донираа по 500.000 евра. Голем дел и од репрезентативците на Холандија самоиницијативно собраа еден милион евра кои ќе се поделат на клубовите со цел да им ги олеснат трошоците.
Секако, ова е добредојдена „инјекција“ на веќе дадената финансиска помош од УЕФА, која подеки 4,2 милиони евра за холандските екипи, додека пет милиони евра донираше и Холандската фудбалска асоцијација.
Новата фудбалска сезона во земјата на Лалињата ќе почне наесен, откако холандската Влада забрани секаков спорт до 1 септември.