Поранешниот фудбалер на Барселона, Арсенал, Феенорд и Глазгов Ренџерс, Џовани ван Бронкхорст, ќе биде новиот асистент на Арне Слот во Ливерпул. Назначувањето на Холанѓанецот ќе зависи од добивањето на работната дозвола, а штом бидат завршени административните процедури, тој веднаш ќе биде вклучен во стручниот штаб на неговиот сонародник.
Ван Бронкхорст во својата тренерска кариера ги предводеше Феенорд, Гванжу, Глазгов Ренџерс и Бешикташ.
Сепак, ова не е единствената промена во стручниот штаб на Арне Слот. Од клубот си заминуваат и двајцата тренери на голманите, Клаудио Тафарел и Фабијан Оте, а нивното место ќе го заземе повратникот, Хави Валеро.