Холандски хулиган го нападна Дмитровиќ, му удри бокс, но потоа следуваше пресврт (Фото+Видео)

Навивач на ПСВ Ајндховен влета на теренот за време на мечот против Севилја и го удри гостинскиот голман Марко Дмитровиќ.

Србинот не остана должен, го испружи хулиганот на трева и го држеше така додека не дојде обезбедувањето да го исфрли напаѓачот и да го препушти на полицијата.

Фановите на ПСВ со свирежи го проследија приведувањето на хулиганот кој направи инцидент во 92-рата минута:

- Оглас -

Најнови вести