Изминативе неколку години, италијанскиот фудбалски новинар Фабрицио Романо, кој е најследен за информирање околу сите трансфер активности на пазарот, доби огромна популарност поради својата достапност во јавноста и масовна излезеност на социјалните мрежи.
Сепак, неговата работа не е прифатена од секого, откако холандскиот медиум „Де Телеграф“ го обвини Романо за плагијаризам.
„Фабрицио Романо на еден начин е како трансфер гуру, меѓутоа тој е само обичен плагијатор со „копирај и објави“ формула. Број 1 е во крадење вести. Добар пример за тоа е вчерашната информација на нашиот новинар Мајк Вервеј околу фудбалерот на Ајакс Ентони и неговиот потенцијален трансфер во Манчестер јунајтед. Објавивме дека Ентони не е дел од тимот на Копјаниците за следниот дуел, а Романо само две минути подоцна се изјасни преку социјалните мрежи со истата информација. Сепак тоа е најмалку важно, бидејќи ние ги имаме правата за ексклузивата. Тој е човек што работи со огромна база на информации и луѓе кои околу него само копираат и реобјавуаат веќе постоечни информации“, стои во соопштението на Марсел ван дер Краан, одговорниот уредник на спортската секција во „Де Телеграф“.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1560613737303769089