Поранешниот професионален холандски фудбалер Мурад Ламрабат, загина на 31 година, додека беше на летување во Шпанија со своето семејство. Ламрабат умрел во несреќен случај, откако сакал да скокне во морето, од карпа висока 35 метри.
Холанѓанецот бил на летување со своето семејство во Мајорка, а на социјалните мрежи се појави видео кое го снимила неговата сопруга, која го снимила кобниот скок.
Мурад многу лошо ја проценил длабочината на водата и опасноста од острите карпи, па скокот се покажал како фатален. Аутопсијата покажала дека несреќниот холандски турист починал како последица на давање во водата, додека бил во полусвесна состојба.
„Витесе длабоко жали со семејството и пријателите на Мурад кои треба да имаат многу сила за да се соочат со оваа голема загуба“, порачаа од тимот на Витесе каде несреќниот некогашен фудбалер беше надежен младинец, но сепак никогаш не направи голема фудбалска кариера.