Холандскиот клуб обвинет дека со новите дресови ја промовираат Русија

Екипата на Херенвен ги промовираше дресовите со кои ќе игра во новата сезона, а посебно внимание привлече гарнитурата за играње на гостински терен. Спорни се боите на ракавите на дресовите каде поредени се боите бела, сина, црвена и тоа во ист распоред како што е знамето на Русија.

Дел од фановите, но и аналитичарите сметаат дека тоа може да претставува промоција на Русија, но од клубот на Херенвен тоа остро го демантираа.

„Засрамете се. Зошто ги поддржувате агресорите. Ова веќе не е мојот клуб“, гласи само една од многуте остри реакции на фановите.

На овие реакции, од управата на клубот потенцираат дека бела, сина и црвена лента на гостинските дресови имало уште во сезоната 1993/94.

Холандија како и цела Западна Европа отворено застана на страната на Украина која е во војна со Русија.

„Има луѓе кои се поврзуваат со светските случувања. Ова се боите на нашиот клуб. единствено знаме за кое ние размислуваме е нашето“, рече комерцијалниот директор на Херенвен, мартин Копман.

- Оглас -

Најнови вести