Холанѓанец го одбра Мароко по мајчина линија, дебитираше со гол и веднаш доби закани од земјата на татко му

Закарија Абухлал имаше неверојатно деби за репрезентацијата на Мароко, но наместо да се радува на дебито со погодок за една од најсилните селекции во Африка, стравува од заканите што му ги испраќаат од родната земја на неговиот татко.

Абухлал е 20-годишно многу талентирано момче за фудбал, роден е во Холандија, а изборот го направи по мајчина страна и го одбра Мароко за своја национална селекција.

И Либија се надеваше дека ќе може да смета на Закарија бидејќи оттаму влече корени по таткова линија, но не успеаја да го убедат бидејќи Мароко беше поконкретен и има и посилна репрезентација и многу поголем рејтинг во светот на фудбалот.

Интересно е што за Мароко дебитирираше против Централноафриканската Република, одигра само пет минути и постигна гол за печат на победата од 4:1, што дополнително ги разлути Либијците.

Симпатизерите на фудбалската репрезентација на земјата, во која е роден таткото на Закарија, веднаш почна да му испраќаат закани на социјалните мрежи.

„Жал ми е за Либија. И тие се луди по фудбалот, но имав само еден можен избор и се решив да играм за Мароко. Го погледнав мојот профил на „Инстаграм“ по дебито и веднаш престанав да ги читам пораките и коментарите. Имаше и сериозни закани, но се надевам дека лутината ќе им помине“, изјави 20-годишниот напаѓач на АЗ Алмар и тазе репрезентативец на Мароко.

 

 

- Оглас -

Најнови вести