Јасен знак за Холанѓанецот – Го нема веќе на „таблото“ на Барса, му ги тргнаа фотографиите за американската турнеа (Фото)

Мемфис Депај доби сигурен знак дека е вишок во Барселона и речиси сигурно ќе си замине, откако клубот ги отстрани неговите фотографии од промотивниот материјал за турнеата низ Америка.

https://twitter.com/gerardromero/status/1546788708925464576?s=20&t=27bNnQdAsnuXSIe3mObJJw

Депај пристигна во Барселона од Лион како големо засилување лани и има одиграно 28 натпревари и постигна 12 гола.

Сепак на Чави не му се бендисува стилот на игра на холандскиот репрезентативец, а ако го купат Левандовски и Рафиња како што е најавено, ќе нема место во стартниот состав за Депај, па тој очигледно ќе си замине.

Барселона ќе игра четири натпревари на американската турнеа. Првиот е против Интер Мајами на 20. јули, потоа ќе се игра „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 24. јули, па следи меч со Јувентус три дена подоцна и завршен меч во САД против Њујорк ред булс на 31. јули.

Првенството на Шпанија за Барселона ќе почне на 13. август со дуел против Рајо Валјекано на „Камп Ноу“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести