Холанѓаните го сместија Пандев во идеалниот тим на ЕП, му дадоа предност пред Депај (Фото)

Познатиот холандски интернет-портал „NOS Sport“ ги одбра најдобрите 11 во групната фаза на ЕП и во идеалниот тим го смести македонскиот фудбалер Горан Пандев како еден од единаесеттемина кои ја одбележаа групната фаза.

Пандев не е само што ја однесе Македонија на ЕП, туку и на ЕП одигра одлични три натпревари. Го постигна првиот гол на ЕП за Македонија, се избори за пеналот против Украина, а имаше и одлични моменти против Холандија во последниот натпревар, велат Холанѓаните во анализата.

Формацијата на „НОС Спорт“ е: Олсен на голот, во одбраната се Кјаер, Госенс и Думфрис, во средина Вајналдум, Де Бројне, Бејл и Локатели, а нападот го сочинуваат Роналдо, Пандев и Шик.

Британски Би-си-си го смести Езџан Алиоски во идеалниот тим, а сега според „НОС Спорт“ и Пандев заслужи да биде меѓу најдобрите од групната фаза во нивниот избор.

- Оглас -

Најнови вести