Не е ни чудно што се урна трибината – Холанѓаните го затворија стадионот изграден во 1939 година

Холандскиот прволигаш НЕК Најмехен комплетно го затвори стадионот „Гоферт“ по завчерашниот инцидент, кога се урна предниот дел од трибината на која навивачите на Витесе ја славеа победата од 1:0.

За среќа, немаше жртви и сериозни повреди кај гостинските навивачи на стадионот што е пуштен во употреба во 1939 година, а последен пат е реновиран пред 14 сезони.

https://twitter.com/VideosVitesse/status/1449747015714418688?s=20

НЕК сега ќе се обиде да направи нова реконструкција, односно да ја реновира спорната трибина, чиј преден дел комплетно попушти, а дотогаш ќе бара чаре домашните натпревари во Ередивизија да ги игра на друг стадион.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести