Холанѓаните ќе ги продаваат дресовите по Мундијалот и парите ќе ги донираат на работниците мигранти во Катар

Фудбалската федерација на Холандија објави дека дресовите со кои фудбалерите ќе настапат на Светското првенство, ќе ги продадат на аукција.

Парите кои ќе бидат заработени од продажбата на сите дресови, ќе бидат донирани како помош на работниците – мигранти во Катар кои работеа на изградба на стадионите.

„На никого не му е и не смее да му биде неважно какво влијание имаше организацијатана на Светското првенство врз работниците мигранти во Катар. Тие работеа на изградба на стадионите и на комплетната инфраструктура, вклучувајќи ги и хотелите. Ќе го имаме на ум ова за време на сите наши активности на Мундијалот. На сите им е јасно дека мора да се подобрат условите во кои работат мигрантите“, објави Фудбалската федерација на Холандија.

- Оглас -

Најнови вести