21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Холанѓаните лесно ја победија Гвинеја на стартот од СП

Ракометната репрезентација на Холандија дојде до очекувана победа (40-23) против Гвинеја во првиот меч од групата, каде што се наоѓаат и Македонија и Унгарија. Лалињата немаа никакви проблеми да дојдат до триумф со оглед дека квалитетот е апсолутно на нивна страна во дуелот со дебитантот Гвинеја.

Холандија поведе со 5-0 и беше јасно дека ќе слави убедливо, а на полувреме фаворитот веќе имаше предност од 13 гола (21-8). Во второто полувреме Холанѓаните малку се олабавија, па Гвинеја постигна и некој гол повеќе, но на крајот сепак доживеа убедлив пораз.

Тен Велде постигна девет гола во составот на Холандија, додека најефикасен кај Гвинеја беше Епону со пет погодоци.

На другите натпревари, Португалија ја победи САД со 30-21, Египет славеше против Аргентина со 39-25. Чешка и Швајцарија ремизираа 17-17.

- Оглас -

Најнови вести