Хрватска ќе игра во финалето на фудбалската Лига на нации откако синоќа во неверојатно возбудлив меч со 4:2 ја победија Хрватска, и тоа на гостински терен. Како многу пати досега, предводник на Коцкестите беше Лука Модриќ. Капитенот на Хрватска одигра блескав меч и беше директно инволвиран во три од четирите погодоци за неговиот тим.
Прво врз Модриќ беше направен пенал, по кој Хрватска израмни на 1:1, потоа асистираше за голот со кој Коцкестите поведоа со 3:2, а на крајот стави точка на дуелот со погодокот за 4:2. Со оваа игра, ѕвездата на Реал Мадрид заслужено беше прогласен за МВП на мечот.
Another player of the match award for Luka Modric. 👏
37-years-old. 🤯
One match away from Croatia’s first international trophy. 🏆 #BBCFootball #NationsLeague pic.twitter.com/GMx5GxFd3g
— Match of the Day (@BBCMOTD) June 14, 2023
За 119 минути, колку штo помина на теренот, ветеранот освен што директно учествуваше во три од четирите гола на неговиот тим, тој на крајот имаше седум од девет прецизни долги додавања, две клучни додавања, освои осум од 14-те директни дуели на теренот, доби два дуелa во скок-игра и ниту еднаш не беше поминат од противнички играч во текот на мечот.
По завршување на средбата, еден холандски новинар на интересен начин покажа респект кон Модриќ. Тој побара Лука да му го даде пасошот за да се увери дека навистина има 37 години бидејќи не можел да верува дека играч со тие години може да одигра на такво ниво.
„Нема проблем, ако сакате ќе ви го покажам пасошот. Да, мојот пасош ќе ви покаже дека сум стар колку што вие рековте. Што да ви кажам? Навивачите ми даваат толку љубов и почитување, што е неверојатно и затоа ми е уживање да играм и на овие години за репрезентацијата“, рече Модриќ.
Хрватска во финалето ќе го чека подобриот од денешниот дуел меѓу Шпанија и Италија.