Холанѓаните одлучија да означат крај на фудбалската сезона, па за првпат по Втората светска војна, ќе нема национален шампион. Првенството не може да продолжи поради пандемијата со корона-вирусот, па затоа и не може да се прогласи првак, додека дополнителен проблем за такво нешто прави и еднаквоста во бодови меѓу Ајакс и АЗ Алкмар, кои го делат врвот на табелата со по 56 бода.
На актуелниот шампион му припадна лидерската позиција по 25 меча, односно пред прекинот на сезоната поради подобра гол-разлика, иако во два наврати загубија од тимот од Алкмар. Холандија за првпат од сезоната 1944/45 ќе нема фудбалски шампион, кога првенството се прекина поради војната.
Од претходно е познато дека Ден Хаг, Валвијк нема да испаднат во втората лига, Ајакс и АЗ ќе играат во Лигата на шампионите, додека ПСВ Ајндховен, Феенорд и Вилем втори ќе играат во Лигата на Европа.