Холанѓаните прво го одредија датумот кога ќе продолжат со фудбал

Холандската фудбалска федерација на состанок преку видеоконференција донесе одлука првенството да се продолжи на 19 јуни. Ова е интересен пресврт затоа што до пред неколку дена во Холандија клибовите заговараа прекин на шампионатот.

Дури и најголемите клубови како Ајакс, ПСВ Ајндховен, Аз Алкмар беа за тоа да се прекине шампионатот, а посебно сила добија откако Белгија реши да го прекине првенството. Сепак, работите нагло се сменија по заканата од УЕФА. Челниците на Европската фудбалска федерација посочија дека доколку домашните првенства не се одиграат до крај, тогаш нема ниту еден клуб од тоа првенство да игра во европските купови.

Планот во Холандија е фудбалерите да се вратат на тренинзи до 15 мај, кога би тренирале одвоени во помали групи. По 14 дена, односно најдоцна до 29 мај, тренинзите треба да се одвиваат нормално, сите фудбалери да бидат во една група.

Можно е да се случи да има мечеви и пред 19 јуни, односно да се одиграат заостанатите мечеви меѓу Утрехт – Ајакс и АЗ Алкмар – Феенорд, а потоа би продолжиле сите осум кола до крајот. Шампионатот би требало да заврши до крајот на јули, а планот е сите натпревари да се играат пред празни трибини.

- Оглас -

Најнови вести