Холанѓаните се релаксираа по победата против Грузија, две Лалиња тренираат одвоено (Видео)

Холандија успешно го мина последниот тест пред настапот на Европското првенство, победата од 3:0 против Грузија им дава нов бран на оптимизам, но сè уште има проблеми во таборот на Лалињата.

Матајс де Лихт и Дони ван де Бек денеска претпладне тренираа одвоено од останатите репрезентативци. И двајцата добија поштеда од селекторот Франк де Бур и не беа ниту во комбинација за настап против Грузијците.

Де Лихт е планиран да биде стандарден стопер на Холандија на Европското првенство, а за Ван де Бек, селекторот Де Бур има алтернативи.

Премиерата за Холандија на шампионатот ќе биде на 13 јуни во Амстердам против Украина, потоа на истото место Лалињата ќе играат со Австрија на 17 јуни, а завршниот меч во Ц групата ќе им биде против Македонија, повторно на „Јохан Кројф“ арената на 21 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести