Во извештајот за натпреварот Македонија – Холандија кој се одигра синоќа во Вараждин на холандската ракометна федерација, пишуваат дека средбата се одиграла во „северномакедонски котел“ и атмосферата била „разбранувана“ и дека за жал, Холандија мораше да ја напушти арената додека се прогласуваше играч на мечот поради неспортско однесување на македонските навивачи.
Вината за ова е кај данските судии кои беа метата на нападите, а не холандските играчи.
Сомнително е што данската телевизија Спорт ТВ 2 која го „намести“ Драган Начевски со тајна снимка после која тој беше суспендиран од ЕХФ, овојпат објави снимка од канонадата и незадоволството на нашите фанови од поразот на избраниците на Лазаров.
Голманот на Холанѓаните на Данците им се жали дека се фрлале предмети и вода, но тоа нормално на Балканот.
Данциите земале изјава и од пикерот Милан Лазаревски.
„Ги сакам моите македонски фанови и секогаш ги поддржувам. Ако треба да разговараме со нив за било што, може, но никогаш нема јавно да ги критикувам“, рекол Лазаревски за ТВ 2 Спорт.