Интересна ситуација се случи на последниот меч на Милвоки бакс во регуларниот дел од сезоната, а Џру Холидеј, бекот на шампионот, ги одигра највредните 8 секунди во историјата на НБА-лигата.
Тежат 306 илјади долари, како бонус за одиграни 67 натпревари во сезоната. Холидеј беше стартер на Милвоки на дуелот што Бакс го загубија од Кливленд со 133:115 и само по 8 секунди направи фаул и излезе од терен.
Доволни му беа само тие 8 секунди за да го исполни делот од договорот со Милвоки, кој предвидува бонус од 306 илјади долари за 67 одиграни 67 во регуларниот дел од сезоната, а на Холидеј токму дуелот ноќеска му беше 67-ми.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1513255424186748931?s=20&t=_VKxxDbM9HHmoGNGDa0HIA
Сега ќе одмори со соиграчите до 16 април кога почнува плејофот. Милвоки ќе ја почне одбраната на титулата против Чикаго булс, а првиот меч се игра на 18 април и Бакс ќе имаат предност на домашен терен.