Ивандер Холифилд, некогашниот светски првак во бокс во тешка категорија, сега има 57 години, но размислува за шокантно враќање во рингот за да се бори со стариот ривал Ридик Боуви. Тоа би бил егзибициски дуел на двајцата боксери кои боксуваа еден против друг во 1992, 1993 и 1995 година. Боуви победи двапати, а Холифилд еднаш.
Оваа борба на ветераните би се одржала во Јапонија.
„Би сакал да се борам со Боуви. Ние сме пријатели. Доколку ни дадат доволно пари, во ред, подготвен сум. Би можел да се борам три рунди“, изјави Холифилд, кој последната борба ја имаше во 2011 година против Брајан Нилсен во Копенхаген. Боуви се нема борено уште од 2008 година.