Холивудски ѕвезди купија англиски петтолигаш

Холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Рој Мекелхени од денес се сопственици на англискиот петтолигаш Врексам. Управниот одбор на велшкиот клуб кој се натпреварува во Националната лига на Англија, 91,5% гласаше ЗА преземање на сопствеништвото.

Врексам постои од 1864 година и на овој 156-годишен фудбалски клуб му се предвидува посветла иднина со новите газди. Меѓу поголемите успеси на овој клуб се пласманите во финалињата од ФА купот во три наврати, 1974, 1978 и 1997 година.

https://twitter.com/Wrexham_AFC/status/1328339177746927624

- Оглас -

Најнови вести