Холштајн Кил се збогуваше од Бундеслигата, Мајнц ита кон Европа (Видео)

Градот на ракометот, Кил, од следната сезона нема да гледа бундеслигашки фудбал, откако Холштајн загуби пред својата публика од Фрајбург со 1-2 и ги загуби и теоретските шанси за опстано во елитата.

Холштајн имаше водство од 1-0, но следуваше пресврт, па сега Фрајбург е многу блиску до четвртата позиција и пласман во Лигата на шампионите.

Поразот на Холштајн, но и победата на Хајденхајм, значи дека оваа екипа обезбеди најмалку бараж за опстанок во Бундеслигата. Хајденхајм со убедливи 0-3 славеше на гостувањето кај Унион Берлин и така ги задржа шансите за опстанок во германската елита.

Мајнц со победата од 1-4 над веќе испаднатиот Бохум се доближи до излез во Европа, па сега има ист број на бодови со Лајпциг, кој одигра само 0-0 на гостувањето кај Вердер Бремен.

- Оглас -

Најнови вести