Хонда ќе има не еден, туку двајца светски шампиони – и тоа браќа

Репсол Хонда ја официјализираше соработката со Алекс Маркес, братот на светскиот првак Марк Маркес. Алекс како актуелен шампион од Мото 2 во сезоната 2020 ќе вози во кралската класа покрај постариот брат, а доаѓа како замена за Хорхе Лоренцо, кој пред неколку дена се повлече од трките во Мото ГП.

Тоа значи дека Хонда во следната сезона ќе биде посилен за уште еден Маркес бидејќи овој постариот веќе испишува историја со шесте последователни светски титули. Марк моментално доминира во кралската класа, Алекс покажа дека има квалитет во второто најквалитетно првенство со мотоцикли со освоената титула изминатава сезона, до која стигна по пет сезони учество.

- Оглас -

Најнови вести