Хонда потпиша за познат европски клуб

Јапонскиот фудбалер Кеисуке Хонда (33) од денеска е нов член на холандскиот прволигаш Витесе. Хонда по заминувањето од Мелбурн виктори, беше без ангажман, но нема намера да се повлече, туку сака да игра, и тоа во Европа, па желбата му се исполни.

Се шпекулираше дека ќе се врати во Серија А, отворено им се нудеше да им помогне на Милан и Манчестер јунајтед, го поврзуваа и со клубови од нашиот регион (Партизан и Осиек), во Вардар велеа дека Хонда би бил добредојден, а на крајот искусниот Јапонец реши да се врати во Холандија.

Од 2008 до 2010 година Хонда играше за Венло, што му беше прв странски клуб по заминувањето од родната земја. Потоа настапуваше и за ЦСКА Москва, Милан, Пачука и Мелбурн. Договорот со Витесе му е до крајот на сезонава.

- Оглас -

Најнови вести