Хондурас и Ел Салвадор беа во војна поради фудбал, ќе „грми“ во Лос Анџелес

Јамајка – Курасао (02.00 часот)

Јамајка е фаворит, а ако се знае дека уште нема обезбедено место во следната фаза на Голд купот, и тие ќе бидат мотивирани. Курасао среќно го доби Хондурас и се врати во игра за пласман во четвртфиналето. „Реге момците“ имаат поквалитетен состав, но предлагаме да играте дека ќе паднат три или повеќе голови. Преклани истотака се сретнаа на Голд куп и беше 2-0 за Јамајка.

Предлог тип: 3+ (2.22)

 

Хондурас – Ел Салвадор (04.00 часот)

Во Лос Анџелес се среќаваат старите непријатели, кои поради еден фудбалски меч, во 1969 година влегоа во меѓусебна војна. Хондурас веќе е елиминиран од Голд купот, ниту со победа не може да биде втор во групата, сигурно но нема да му попушти на соседот. На Ел Салвадор му треба победата, а традицијата најавува неефикасен меч.

Предлог тип 2 (2.45)

 

Бостон ред сокс – Чикаго вајт сокс (01.10 часот)

Црвените чорапи синоќа беа подобри од белите чорапи со 6-5, па сега гостите од Чикаго имаат шанса за реванш. Бостон има серија од четири победи по ред против ривалот од МЛБ лигата, а Вајс сокс лани на 10 јуни ја имаа последната победа на гости кај Бостон. Домашните се фаворити, предлагаме да се обложите дека Ред сокс ќе го добијат првиот ининг.

Предлог тип: 1 пол. (2.10)

 

Чикаго кабс – Атланта брејвс (02.05 часот)

Ова е дерби на националната лига, со оглед на то дека Атланта е втора, а Чикаго трети во оваа конференција. Двата тима имаат по три победи и два порази во последните пет меча, и играат променливо. Квотите за единица и двојка се исти, и тоа покажува колку се изедначени. Синоќа Кабс беше подобар со 8-3, вечерва можеби ќе има помалку поени.

Предлог тип: <11.50  (2.00)

- Оглас -

Најнови вести