Хорхе Лоренцо се повлекува од Мото ГП?

Шпанскиот мотоциклист и поранешен светски првак Хорхе Лоренцо се чини дека ќе го потврди повлекувањето од Мото ГП шампионатот. Возачот на Хонда имаше кошмарна 2019 година иако се обидуваше да ја оживее кариерата откако премина од Дукати во тимот на Хонда, каде што е колега со Марк Маркес.

Лоренцо никако не се навикна на мотоциклот од Хонда, премногу му беше комплицирано, можеби и потешко отколку кога се пресели од Јамаха во Дукати во 2017 година. Најдобар негов резултат сезонава му беше 11-то место во Франција, а потоа се здоби со повреда на грбот поради што мораше да паузира три трки.

Оттогаш работите за Лоренцо одеа само кон полошо, па затоа се очекува денес на закажаната прес-конференција која ќе се одржи во Валенсија да најави крај на кариерата. Инаку, Шпанецот има важечки договор со Хонда и за новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести