Вардар 1961 среде Битола го победи Еурофарм Пелистер со 35-34 во големото дерби, и сега скопските Црвен-црни се први на табелата и веројатно во последното коло кога овие ривали ќе се сретнат во Скопје, ќе се решава кој да биде првак.
Вардар првпат после три години славеше во Битола, а Е. Пелистер не водеше ниту еднаш во текот на мечот.
Вардар почна одлично и поведе со 4-0, Е. Пелистер првиот гол го даде после дури 6,25 минути игра.
Во првото полувреме имаше дури 16 седмерци, 9 за домашните и 7 за гостите. Скопјани водеа во цело прво полувреме, предноста се движеше од еден до четири разлика разлика, а на пауза се замина со 17-16 за Црвено-црните.
На 22 минути до крај семафорот покажуваше 24-20 за Вардар, на шест минути до крај беше нерешено 31-31, на што Вардар одговори со серија од 2-0 за 33-31 на три минути до крајот. Домашните израмнија, но во последната секунда Хориха даде гол за шок. На овој меч имаше дури 26 пенали што веројатно е рекорд во историјата на дербијата меѓу овие ривали.