Фудбалските репрезентативци на Белизе преживеаја вистински хорор на Карибите, на патот кон Хаити, каде задутре ќе играат меч од квалификациите за настап на Мундијалот во Катар.
Иако патуваа со полициска придружба во еден момент гостинската експедиција беше сопрена од друмски разбојници и тоа добро наоружани.
https://twitter.com/Nicocantor1/status/1374184339156652033?s=20
По куса препирка за среќа друмските разбојници сфатија дека претераа и дека се работи за голем инцидент од меѓународни размери, па и дозволија на експедицијата на популарните Јагуари да стасаат од аеродромот до хотелот.
Хаити и Белизе задутре од 22 часот ќе го играат премиерниот меч од квалификациите во зоната на Северна и Централна Америка за пат на Светското првенство во Катар, што ќе се игра идната година.
Веднаш по инцидентот фудбалската федерација на Белизе со соопштение до јавноста објави дека за среќа репрезентативците на гостинската селекција се добри, иако имаа хорор патување од аеродромот до хотелот.
Belize's federation releases a statement after the national team ran into "an unfortunate incident" upon arriving in Haiti for Wednesday's World Cup qualification match. pic.twitter.com/LkGlSDSngT
— Jon Arnold (@ArnoldcommaJon) March 22, 2021