Хорор: Над 100 загинати по фудбалски натпревар во Африка? Тела лежат по улиците (Вознемирувачко видео)

Вистински хорор се случувал на фудбалски натпревар во Гвинеја, а според првичните информации, има над 100-тина жртви. На меч од локалната лига, навивачите се степале со полицијата откако биле покажани два црвени картони за гостинската екипа, а потоа следувало барање од министер одлуката да биде поништена.

Хаосот настанал кога за гостите бил досуден пенал, а полицијата морала да употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера навивачите. На видеата се гледаат мртви тела како лежат на земја, а сè уште нема официјална потврда колку жртви има во немилите настани во Гвинеја.

Видеото во продолжение е со вознемирувачка содржина.

 

- Оглас -

Најнови вести