Фудбалерот на Форест Грин, Џејмил Мат, доживеа тешка повреда на раката, за време на натпреварот против Болтон. Фудбалерот од Јамајка настрада во дуел со противнички играч. Повредите на прсти и дланката се ретки во фудбалот, но кога ќе се случат, навистина се болни и делуваат грозно како во случајот со Мат.
Прстите му беа прекршени, веројатно станува збор за скршеница или дислокација, и напаѓачот веднаш беше изнесен од терен. Навистина ретка повреда.