Хорор повреда во Бундеслигата: противникот кога виде коска низ чорапот, почна да плаче (Вознемирувачко фото)

Фудбалерот на Гројтер Фурт, Марко Мајерхофер, вчера доживеа тешка повреда на зглобот на ногата, и беше опериран, па за него сезонава во Бундеслигата е завршена.

На мечот со Ајнтрахт кој заврши 0-0, несреќниот Мајерхофер имаше дуел со Јенс Петер Хауге. Хауге незгодно падна врз ногата на Мајерхофер, по што глуждот на Мајерхофер се свитка на неприроден начин, и се најде свртено за 180 степени. Таа грозна слика од глуждот го натера Хауге да заплаче.

Да биде уште полошо, на трибините биле родителите и сопругата на Мајерхофер.

- Оглас -

Најнови вести