21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Хорор старт за Наполи: убедлив пораз од Верона и повреда на Кварацхелија

Верона го совлада Наполи со 3-0 и стана лидер на табелата во италијанската Серија А, затоа што е единствениот тим кој досега има победа во новата сезона во која се одиграа шест меча, од кои пет завршија нерешено.

Дека работите во Наполи не се добри се најави во финишот на првото полувреме кога теренот мораше да го напушти Хвича Кварацхелија. Грузиецот имал вртоглавица и болки во вратот после еден дуел, а се жалел и на повреда на мускул на ногата, која според првите информации не би требало да е сериозна.

- Оглас -

Најнови вести