Дербито на лигата во Саудиска Арабија помеѓу Ал-Ахли и Ал-Хилал го одбележа непријатна случка од 13-тата минута, кога Французинот Бафетимби Гоми ја загуби свеста. Веројатно поради топлото време и наглиот пад на притисокот, на Гоми му се слоши и падна на тревникот со превртени очи. Играчите кои се собраа околу него, ги викаа докторите да дојдат и по брзата интервенција на медицинските лица, Гоми се освести.
И покрај немилиот настан, кој, за среќа, траеше кратко, Гоми се врати на теренот и го одигра целиот натпревар. Ал-Хилал на 35-годишниот Гоми загуби со 1-2, но остана прв на табелата. Тоа беше дуел на екипи на балкански тренери, Владан Милојевиќ го надмудри Разван Луческу.
Погледнете (Не е за малолетни, ниту за лица кои снимката може да ги вознемири):
https://www.youtube.com/watch?v=IDCncOnrock&feature=emb_title