Хорор-сцена во Белгија: Фудбалер остана без прсти откако петарда му пукна во рака (Видео)

Фабио Скијафино е несреќниот фудбалер кој настрада поради невнимание. Скијафино е играч на четвртолигашот Менен во Белгија, а на дуелот против Зилебеке се случи еден немил настан.

Скијафино одигра одлично, постигна два гола во победата од 4:0, и тоа на денот кога го славеше 26-тиот роденден. Сепак, на крајот по лошо ќе го памети овој роденден затоа што фудбалерот реши од тревата да земе во раце една голема петарда, која по неколку секунди му експлодира.

Несреќниот фудбалер остана без еден прст, а лекарите потоа мораа да му ампутираат делови уште на два парста кои биле повредени. На Скијафино во рака му пукнала петарда од типиот „Кобра 6“, која е забранета во Белгија. На теренот била фрлена од 21-годишен, кој подоцна бил задржан од полицијата и против него е поднесена пријава.

„Кога се расчисти димот, видов дека ми фалат делови од прстите“, рече несреќниот Скијафино. Видеото од немилиот настан може да го видите ТУКА.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести