-2.2 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Хорор во Бразил: Фудбалерки биле нападнати со ножеви и силувани

Фудбалерките на Абелхас преживеале вистински пекол по натпреварот со Флуминенсе.

Тие додека се враќале од ова гостување, биле застанати од крадци кои што им се заканувале со ножеви, а една од фудбалерките била сексуално злоставувана.

„Ова што го преживеавме е хорор и ништо друго. Можеше да биде многу полошо, но и ова ќе остави траг врз фудбалерките.

Се надеваме дека од полиција брзо ќе реагираат и ќе го решат проблемот“ изјави претседателката на клубот, Квитерија Авеш.

Во годината која што изминува, во светот на женскиот фудбал видовме голем број на вакви слични инциденти што е навистина загрижувачки.

- Оглас -

Најнови вести