Хорор во Франција: ракометар на ПСЖ избоден со нож, нема да игра на ЕП!

Францускиот ракометен репрезентативец, Елоим Пранди, бил избоден со нож во новогодишната ноќ. Тој е надвор од животна опасност, но нема да може да игра на претстојното Европско првенство.

Пранди кој има 23 години, се придружи на долгата листа ракометари кои беа планирани да играат на ЕП, но нема да настапат. „Триколорите“ ќе бидат и без Тимоти Н’Гесан, Недим Ремили и Лука Карабатиќ, додека Никола Карабатиќ во моментов е заразен со коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести