Германскиот фудбалер Денис Јапел имаше стравичен удар со главата во бетонски ѕид за време на натпреварот од регионалната лига – Север меѓу Хеми Лајпциг и Кемницер.
Јапел трчаше по една топка покрај аут-линијата, а откако ја исфрли во аут, по инерција продолжи да трча. Бидејќи беше лизгав бетонот, не можеше да запре навреме и удри со главата во ѕидот.
Јапел веднаш бил пренесен во болница, каде што му биле извршени детални лекарски прегледи.
Неговиот клуб соопшти дека Јапел не претрпел никакви сериозни или трајни оштетувања, но дека одреден период мора да одмора и нема да смее да игра.